Хроника

Ограбена поштата во Жван

8. декември 2015 - 14:11 | Макфакс

Последните денови се случиле две кражби, едната на поштата во село Жван, а другата во стан во Скопје, а крадците заминале со богат плен.

Во временскиот период од сабота до понеделник, во село Жван, демирхисарско, непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од поштата, а потоа со подесен алат исто така насилно го отворил металниот сеф од каде одзел сума пари од околу 104.500 денари по што го напуштил местото на настанот.

Вчера во Скопје, на ул.„Петар Ацев“, непознат сторител со насилно отворање на влезна врата од стан сопственост на Д.Ц.(32) извршил тешка кражба при што одзел златен накит, мобилен телефон, машки рачен часовник и го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 70.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Коментирај