Арамија во четвртокот попладне ограбил дипломатско возило од брендот BMW, со словенечки регистарски таблички, во центарот на Скопје.
Сторителот со употреба на сила и погоден предмет го скршил задното лево стакло и од задното седиште одзел женска ташна во која имало три дипломатски лични карти, три лични карти издадени од Р.Словенија, три електронски здравствени картички, две банковни картички, околу 6.000 денари и други предмети.
Арамијата се стекнал со противправна имотна корист од околу 24.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.