Ф1

Охрабрува здравствената состојба на Шумахер

14. април 2014 - 9:23 | Макфакс
Има знаци на подобрување на здравствената состојба на Михаел Шумахер, кој на 29.декември минатата година на скијање во Франција се здоби со тешки повреди на главата.

 
„Постојат моменти кога тој е накратко свесен, покажува дека здравствената состојба се подобрува“, изјавила менаџерката на Шумахер, Забине Кем за германската телевизија ARD. 
 
Таа дополнила дека има „моменти кога тој е буден и свесен“.  
 
„Јас не сум доктор, но медицински постои разлика помеѓу буден и свесен, односно кога пациентот има способност да комуницира со опкружувањето. Не сакам да откривам повеќе детали од полит кон неговото семејство, но воопшто не се сомневаме во способностите на лекарите, сите тие се врвни стручњаци“, рекла Кем.
 
Легендарниот Ф1 возач, во Универзитетската клиника во Гренобл се наоѓа од 29. декември минатата година, кога за време на скијање удри во карпа и се здоби со тешки повреди на главата. Шумахер повеќе од 100 денови се наоѓа во вештачка кома. 
 

Коментирај