Хроника

Охриѓанец крадел од црква во центарот на Охрид

2. април 2012 - 12:42 | Макфакс

Охриѓанец украл пари и едно сребрено ланче со сребрен крст и со сиви бисери од црквата „Св.Димитрија" во центарот на Охрид.

Настанот се случил во недела претпладне, кога 43 годишната В.Н. отишла во црквата за да чисти, и го затекнала С.З. од Охрид како краде пари од црквата, а кога го прашала зошто врши кражба на пари, тој извадил ситни книжни пари од џебот, ги фрлил на пултот и одзел едно сребрено ланче со сребрен крст и со сиви бисери на истото од „Икона".

Кога жената се обидела да го спречи, истиот ја турнал, го одзел ланчето и парите кои претходно ги имал одземено и побегнал.

СВР-Охрид превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Коментирај