ОЈО бара притвор за девет осомничени кои изработувале и продавале огнено оружје

Скопје, 18 февруари 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека повело постапка против девет лица од организирана криминална група за изработка и продавање  огнено оружје.

Надлежен јавен обвинител поради постоење основано сомнение, како што се посочува, донел наредба за спроведување истражна постапка против девет лица за сторено кривично дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Осомничените во текот на октомври 2018 година ја создале криминалната група, што на територијата на државата неовластено изработувала, држела, продавала и посредувала во трговија со огнено оружје  и  муниција во поголемо количество.

Дел од осомничените од засега непознато место набавувале потребна количина пиштоли за светлосна и звучна сигнализација. Набавеното оружје во работилница во сопственост на еден од осомничените со употреба на пригоден алат било неовластено изработувано во огнено оружје – пиштоли. Имено, биле вадени цевките што служат за испукување гасен куршум и на нивно место вметнувана метална цевка, со што осомничените вршеле  пренамена во огнено оружје претежно од калибарот 7,65 мм. Ова  оружје може да се употребува за нанесување тешки повреди со смртни последици. По изработката на пиштолите, дел од осомничените  пронаоѓале заинтересирани лица во земјата и го продавале огненото оружје за цена од 150 до 400 евра, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до надлежниот суд ќе достави и предлог за определување на мерка притвор.​

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more

Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Read more

Двајца загинати во сообраќајката на патот Штип-Кочани

Read more

Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе