ОЈО истражува дали некој го поттикнал Крпач на самоубиство, СЈО не открива кој му се заканувал

Јавното обвинителство Скопје тврди дека сведокот на Специјалното јавно обвинителство, Коста Крпач неспорно се самоубил, но сега истражува дали има кривично дело, односно дали некој го навел и поттикнал да изврши самоубиство.

Истрагата за самоубиството е завршена и скопското Обвинителство врз основа на материјални, вербални докази и многубројни вештачења утврдило дека Крпач се самоубил на специфичен начин, но сепак, главната обвинителка на ова Обвинителство, Гордана Гешковска не сакаше да открие детали околу оваа истрага.

Сега скопското Обвинителство отворило предистражна постапка и истражува кој, зошто и како му се заканувал на Крпач. Но, предистражната постапка ја кочело Специјалното јавно обвинителство кое не му го давало записникот од распитот на Крпач во кој тврди дека имал закани.

Единствено нешто што добиле од СЈО биле информациите дека Крпач имал закани, но ним им требало доказ кој му се заканувал на Крпач за да продолжат со истрагата. Како што објасни Гешковска која рече дека работела со многу заштитени сведоци, Крпач морал да каже кој и зошто му се заканувал за да бара заштита од СЈО и сето тоа да биде внесено во записник.

Записникот може да биде таен документ, но според Гешковска, Обвинителството може да го даде овој документ на СЈО со назнака доверливо.

Скопското обвинителство уште во мај доставило барање до СЈО за да им се предаде записникот, но до денеска не добиле никаков одговор. Гешковска упати апел до СЈО да надвладее разумот да им го предадат записникот.

Истрагата на скопското Обвинителство  утврдила дека револверот со којшто се самоубил Крпач бил негов и имал дозвола за негово поседување. Испитани биле 19 сведоци, сите кои Обвинителството ценело дека би можеле да придонесат за решавање на случајот.

Десетмина од испитаните сведоци биле службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи кои го вршеле претресот во домот на Крпач, а девет лица биле лица блиски со него, меѓу кои неговата сопруга, пријатели и бизнис партнери.

Според Обвинителството, од истрагата произлегло дека промена на расположението кај Крпач се случила на 6 април, кога бил извршен претрес во неговиот дом по налог на Специјалното јавно обвинителство. Следниот ден Крпач бил испитан како сведок во СЈО и побарал заштита бидејќи имал закани.

По неколку дена името на Крпач се најде на списокот на аболирани лица што го објави Претседателот, Ѓорге Иванов, а истиот месец на 27 изврши самоубиство. Првин пукаше во комбе кое било паркирано пред влезот на неговата зграда во скопската населба Капиштец, но засега не е познато зошто Крпач пукал во комбето.

Тој пукал кон комбето од терасата во станот каде што живее, а потоа влегол внатре и се самоубил. Случајот во полиција го пријавил пензиониран полицаец кој според Обвинителството, се нашол во погрешно време на погрешно место. 

Телефонот на Крпач не бил вештачен бидејќи стручните лица не успеале да го пробијат пасвордот на телефонот, којшто имал посебна заштита. По самоубиството неговата сопруга била повикана во обвинителството два пати и до тогаш таа немала никакви закани по нејзиниот живот.

Обвинителството ги повика новинарите на брифинг по вчерашната прес-конференција на СЈО на која соопшти дека отворило нова истрага за случајот „Трезор“, а во оваа истрага е вмешана и фирмата чиј сопственик порано беше Крпач, „Финзи“.

Управата за безбедност и контраразузнавање набавува опрема со посредник, поскапо за вкупно околу 862.000 евра, и плаќа непотребно за нејзино одржување, иако таа е со истечена лиценца и не е во функција.

Со новата истрага на СЈО осомничени за злоупотреба на службена положба се три лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од Министерството за внатрешни работи, кои преку правното лице „Финзи ДООЕЛ“, од Велика Британија нарачува електронска и комуникациска опрема, со цена повисока за околу 862.000 евра.  

За оваа сума, преку повеќе договори и анекси на договори е оштетен Буџетот на Република Македонија, а со цел лично богатење и прибавување имотна корист.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе