Океан под мраз е идеално место за зимски активности
Ладен бран го погоди источниот брег на САД, проследен со температури кои се спуштаат и до минус 20 степени Целзиусови.
Многу ладната зима доведе до замрзнување на површината на океанот, не така честа појава во тој дел од светот.
Како целото тоа изгледа на најдобар начин прикажува снимка направена од дрон во американската држава Масачусетс.
Површината на морето, во потполност е прикриена со снег и мраз, па мештаните ја користат за разновидни зимски активности.