Охрид фест на 2 и 3 септември, ќе настапат Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ

Во тек се подготовките за 29-тото издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“, што ќе се одржи на 2 и 3 септември на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид.

Како што најавија организаторите, во Фолк вечерта ќе настапи домашната фолк елита, но и српскиот пејач Мирослав Илиќ.

Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен. Од Босна ќе гостува Ален Исламовиќ, словенечки музичари се Божидар Волф, Инес Ербус & Давид Амаро, а од Бугарија дуото „Expose“. Од Албанија ќе настапи Рина Рамадани, додека гостин од Грција е Толис Дамјанос.

– Бастионот на убавата македонска песна „Охрид фест“, годинава ќе понуди одлична фолк и интернационална вечер, каде на 2 и 3 септември ќе настапат докажани музички имиња и бидејќи ги охрабруваме новите музички сили, даваме можност дебитантите да ја започнат музичката кариера токму од Охрид, изјави првиот човек на „Охрид фест“, Григор Копров.

Традиционално, водителите на фестивалот се Каролина Петковска во Фолк вечерта и Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер, кога ќе настапат многу интересни имиња.

Наградите за промоцијата на музиката на Балканот се доделуваат на Мирослав Илиќ, кој ќе има свој мини концерт во Фолк вечерта и нашиот Гарабет Тавитјан, кој ќе настапи во Интернационалната вечер.

Како што е најавено, фестивалот директно ќе го пренесува националниот сервис МРТВ, а преносот ќе го емитуваат над десет телевизии од Балканот.

Тагови
реклама

МК сцена

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

Read more

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе