Околу 70 издавачи на Саемот на книга, книжевноста на Унгарија во фокусот

Скопје, 6 мај 2019 (МИА) – Околу 70  домашни и странски издавачи ќе учествуваат на 31. Саем на книгата кој под мотото „Читај!“ ќе се одржува од 8 до 14 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книга, на средба со новинарите соопшти дека како и во минатите години, манифестацијата ќе понуди разновидни изданија – од белетристика до научни книги, енциклопедии, литература за деца, кои издавачите ќе ги продаваат по снижени цени. Ќе има и околу 30 промоции во Промотивниот центар во ВИП Арената.

Покрај македонски издавачи, ќе учествуваат и од Србија, Косово, Албанија, Данска, како и од  Унгарија, која годинава е земја во фокус и чија книжевност ќе биде претставена на штанд на Унгарската амбасадa. Посетителите таму ќе имаат можност да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши.

Амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс рече дека литературните врски меѓу двете земји се цврсти, зашто има многу преводи со што многу автори од неговата земја им се достапни на македонските читатели, спомнувајќи го притоа и  нобеловецот  Имре Кертес.  На 10 мај во Друштвото на писателите ќе биде организирана и трибина на која ќе учествуваат Паскал Гилевски и Златко Панзов – преведувачи на книжевни дела од унгарски на македонски јазик. Исто така, ќе биде отворена и изложба на илустрации од унгарски книги за деца.

Саемот на книга ќе почне да работи задутре (8 мај) од 10 часот, а истиот ден од 19 часот официјално ќе го отвори министерот без ресор задолжен за инвестиции Зоран Шапуриќ.

Цената на влезница е 30 денари, а групната е 20 денари. Работното време на саемската манифестација е од 10 до 20 часот.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и оваа година заради полесен пристап на посетителите ќе воведе две вонредни автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП Арена „Борис Трајковски“. Линијата 100 ќе поаѓа од населба Ново Лисиче, а бр. 200 од населба Дексион. Цената на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Култура

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Read more

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Read more

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе