ОПЕК: Го намалуваме производството на нафта по потреба

Вашингтон, 14 ноември 2018 (МИА) – Фундаменталните индикатори на пазарот со нафта „прифаќаат“ интервенции во производството согласно потребите за да се урамнотежи пазарот, изјави министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати и претседавач на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК), Сухел ал-Мазруи.

Ваквата изјавата на Ал-Мазруи следи откако 14-члениот нафтен картел одлучи да го намали дневното производство на нафта со што цените на енргенсот денеска почнаа да се растат после 12 денови пад.

ОПЕК контролира 35 отсто од светското производство на нафта и располага со 82 отсто од познатите резерви. Во групата статус на партнери и набљудувачи имаат уште 10 земји, како Русија, Мексико и Казахстан, кои не се членки на ОПЕК, но ги прифаќаат правилата за интервенции на  пазарот со нафта.

Ал-Мазруи во интервју за „Блумберг ТВ“ истакна дека за ОПЕК не е важна цената, туку количествата на резерви на енергенсот.

„Ако има потреба за балансирање на пазарот, групата со консензус одлучува за корекција на производството. Тоа го правиме и сме го правеле и во минатото“, изјави тој.

Резревите на сирова нафта во развиените земји се зголемија во последните четири месеци и се предвидува дека ако се одржи сегашното ниво производство, тие да растат по два милиони барели дневно во првата половина на 2019 година, се наведува во месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергија објавен денеска.

ОПЕК во својот последен извештај посочи дека картелот предвидува намалена побарувачка на неговата нафта во 2019 година, како резултат на успорување на глобалната економија и зголеменото производство од страна на конкурентите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе