Фудбал

Оштетен споменикот на Меси во Аргентина

11. јануари 2017 - 14:08 | Д.П.

Вандалите во Буено Аирес немаат почит ни кон еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси. Непознати лица синоќа го оштетиле неговиот споменик изработен од црн мермер, поставен ов Паркот на славните.

На споменикот му била извадена главата слично како што пред извесно време беше оштетена и скулптурата на тенисерката Габриеле Сабатини.

Покрај овие два споменика, во паркот во главниот град на Аргентина се сместени и спомениците на кошаркарот Ману Џинобили и Формула 1 возачот Хуан Мануел Фанџо.

Скулптурата на играчот на Барселона беше поставена минатото лето, неколку дена по поразот на Аргентина од Чиле во финалето на јужноамериканското првенство.

Аргентинците имаат поделено мислење за популарниот фудбалер, повеќето го обожаваат, но има и такви кои сметаат дека во репрезентацијата не се труди подеднакво како кога игра во дресот на Барса.

Коментирај