Педофил од САД осуден на илјада години затвор е ослободен на условна казна, објави New York Times.
Питер Малори, жител на американската сојузна држава Џорџија, е ослободен по поминати осум години в затвор. Ослободителната пресуда ја даде Апелацискиот суд во мај оваа година, утврдувајќи дека педофилот отслужил „доволна казна“.
Малори беше уапсен во 2011 година поради поседување детска порнографија и нарушување на приватноста. Тој беше приведен во текот на истрагата за случаи на собирање порнографски материјал во кампусот на Техничкиот факултет во Западна Џорџија, каде што работел. Полицијата се сомневала на еден од студентите за сторено кривично дело, но при претресот на компјутерот на Малори се откриени повеќе од 26.000 досиеја за детска порнографија.
Во 2012 година, судот го прогласи за виновен. Во судницата тој беше опишан како „најголемиот активен колекционер на детска порнографија во светот“.