Oсмани тврди дека не е вистина оти скрил документ за признавање на старите пасоши во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека се лажни вести обвинувањата дека наводно скрил важен документ потпишан од 25 земји-членки на ЕУ, дека до септември македонските граѓани ќе можат да влегуваат во Унијата со важечките пасоши со старото уставно име на државата.

„Не е точно. Ова е дел од таа фабрика на лажни вести коишто ја открија во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Османи.

Како што образложи, проблемот e тоа што МВР го има сменето Законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки и граѓаните не може да ја напуштат нашата граница. Со тоа, вели Османи, ние воопшто не сме стигнале до проблемот со границата на земјите од ЕУ, а граѓаните не можат да ја напуштат нашата граница бидејќи од нашите закони се декларирани тие пасоши како неважечки. За враќање ние ги имаме направено и преземено сите мерки никој да нема пречка да се врати. И јас досега не сум слушнал дека некој граѓанин не успеал да се врати во државата бидејќи не можел да помине низ земји членки на ЕУ“, рече Османи.

Министерот оцени дека е бавен процесот на издавање пасоши и рече дека се понудил лично со Министерството за надворешни работи да сликаат за пасоши, да пополнат формулари да им помогнат. Оваа работа, вели Османи, бара капацитет, а не политиканство и удирање во гради дека нема да го користат новото име на државата, а потпишале сѐ со Северна Македонија и даваат такви изјави.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, претходно на Facebook објави фотографија од допис од 23 февруари годинава од италијанското МВР каде стои дека по препорака на Европската комисија 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе