Фудбал

Осогово прв македонски клуб со fundraising кампања

16. август 2019 - 11:35 | Ф.З.

Фудбалскиот второлигаш од Кочани продолжува да изненадува и да ги „шиша“ сите кога станува збор за медиумска покриеност.

Нова инцијатива на тимот под Пониква е кампањата за добивање на дополнителни финансиски средства кои му се потребни на клубот за да ја исполни својата цел, пласман во Првата лига до 2024 година кога Осогово слави стогодишнина.

ГФК Осогово ги повикува сите љубители на фудбалот кои можат да си дозволат да одвојат по некое евро. Целта е да се соберат 40.000 евра, а за еден ден веќе стигнале донации од 10 луѓе, меѓу кои наши од дијаспората, но и странци.

Од клубот велат дека собраните средства ќе бидат наменети за:

- развој на младинските категории, организирање на професионални семинари и техничка опрема за младите.
- тренинг реквизити
- формирање на Фан Шоп
- подобрување на инфраструктурата на стадионот и подтрибинскиот простор

Кочанчани се први во Македонија кои се решија да организираат една ваква fundraising кампања. И не е чудно бидејќи кога станува збор за медиумска покриеност вода им носат и Вардар и Шкендија, а за останатите не вреди ни да се трошат зборови. Осогово е активен на Twitter, facebook, instagram, а нормално имаат и веб страница. Иначе, клубот до вчера играше во третата лига Исток.

Секој што сака да донира за Осогово може тоа да го направи тука.

Коментирај