Регион

Осомничениот убиец на Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија

12. октомври 2018 - 11:19 | Б.С.Б.

Германските власти ја одборија екстрадикцијата на осомничениот убиец на бугарската новинарка Викторија Маринова.

20-годишниот Бугарин Северин Красимиров е уапсен во Германија и за десет дена ќе биде испратен во Бугарија.

Телото на 30-годишната новинарка е најдено во парк во бугарскиот град Русе. Таа е силувана, претепана и задушена. Засега, бруталното убиство не се поврзува со нејзината работа како новинар.

Германското обвинителство соопшти дека Красимиров негира дека имал намера да ја убие, силува или ограби. Тој признал дека во паркот ја удрил жената која не ја познавал и потоа ја фрлил во грмушки, додека бил под дејство на алкохол и наркотици.

Коментирај