Отфрлена кривичната против сопственикот на менувачница кој во одбрана уби две лица

Скопје, 12 декември 2018 (МИА) – Скопското обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против сопственик на менувачница во Кисела Вода, кој во нужна одбрана лиши од живот две лица во ноември минатата година.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против едно лице, бидејќи постојат други околности што го исклучуваат гонењето, односно правото на нужна одбрана согласно чл.9 од Кривичниот законик. Против лицето, од страна на МВР – СВР Скопје беше поднесена пријава за кривично дело – убиство што се случи на 27.11.2017 година во менувачница во Кисела Вода. Пријавениот, инаку сопственик на менувачницата, со пиштол кој го поседувал со дозвола, лишил од живот две лица кои насилно влегле, му се заканиле вооружени со пиштоли, му нанеле повеќе удари во пределот на главата и грбот и се обиделе да извршат кривично дело разбојништво во менувачницата, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

Во текот на постапката, меѓу другите докази, беше прибавен и вешт наод и мислење за пресметливоста на осомничениот, во кое беше констатирано дека тој бил психофизички здрав и пресметлив, но дека во критичниот момент кај него се развил интензивен страв за сопственото здравје и живот, кој кулминирал кога двете лица влегле зад пултот на менувачницата и започнале да вршат физичко насилство врз него.

-Од анализата на сите докази прибрани во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител оцени дека осомничениот немал претходно формирана намера некого да лиши од живот, туку делувал исклучиво во нужна одбрана, со цел да го заштити својот живот, своето здравје и имот, велат од Обвинителството.

Притоа, како што посочуваат, одбраната била преземена во истиот момент кога бил и нападот и таа е сразмерна на нападот, со што се исполнети елементите на институтот – нужна одбрана, кој не дозволува лицето да биде гонето за кривично дело убиство. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе