Отфрлени кандидатските листи на СДПМ

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното повторно разгледување на предложените кандидатски листи на Социјалдемократската партија (СДПМ) едногласно ги отфрли за сите изборни единици, поради неисправни документи.

Во ДИК утврдиле дека речиси на сите кандидатски листи на СДПМ на Бранко Јаневски во шесте изборни единици има неправилности. Кај поголем број кандидати било откриено дека нема датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник, и оти не може да се види за кои избори се поднесуваат. Утврдено било, исто така, и дека потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.

Силвана Бонева побарала да не се расправа за секоја листа по изборни единици, бидејќи неправилностите биле евидентни и предложи ДИК да ги отфрли листите на СДПМ. Игор Милев, пак, побарал да се разгледуваат листите на СДПМ по изборни единици.

Претходно ДИК ги констатираше дванаесетте кандидатски листи на партии и коалиции, освен кандидатурите на Бранко Јаневски и неговата СДПМ во изборните единици еден и три. Јаневски има право на жалба до Управен суд за листите.

Така, беше познато дека Стево Продановски нема да му биде противкандидат на Стево Пендаровски во „единицата“, а ниту Љупчо Николовски од СДПМ на Љупчо Николовски од СДСМ. Овие две листи предизвикаа најмногу дискусија и сомневања во ДИК дека станува збор за обид да се измамат гласачите поради сличноста во имињата и презимињата на кандидатите, за што партијата беше осомничена и на поранешни избори.

Во другите изборни единици листите на СДПМ првично беа прифатени, така што на потпретседателската на СДСМ, Радмила Шекеринска во петтата изборна единица за противкандидатка требаше да ја има Радмила Шукуровска од СДПМ, за што исто така имаше реакции. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе