Откако го победи Бронен, Пакјао го предизвика Мејведер на реванш

Легендарниот филипински боксер Мани Пакјао (40) синоќа во Лас Вегас го порази 11 години помладиот Американец Едриен Бронен со едногласна одлука на судиите.

Со тоа, Пакјао без поголеми проблеми го задржа појасот од WBA асоцијацијата во категоријата велтер, во неговата 70 борба и воедно прва откако наполни 40 години. Сега Филипинецот има скор од 61 победа, од кои 39 пристигнаа со нокаут на противникот. Притоа има и седум порази, како и две ремија.

„Дадов сѐ од себе во подготовката за овој меч и поради тоа сум многу среќен. Бог ми даде здравје и затоа можам да боксувам на 40 години. Можев да бидам агресивен во оваа борба, но од аголот ми рекоа да чекам на контра“, изјави Пакјао по мечот.

Филипинецот по борбата го предизвика Флојд Мејведер, кој му го нанесе последниот пораз пред четири години.

„Порачајте му да се врати во рингот и да се бори со мене. Подготвен сум и сакам да се сретнам повторно со него во рингот, доколку тој е подготвен да му се врати на боксот“, порача Пакјао.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе