Откако лани не доби ниту евро: Вевчанскиот карневал доби 29 илјади евра од Министерството за култура

Карневалот во Вевчани доби 1,8 милион денари или нешто повеќе од 29 илјади евра поддршка од Министерството за култура, со што министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска ја исправи минатогодишната грешка кога фестивалот не доби пари од државата, а таа се најде во фокусот на вевчанци, кои се натпреваруваа кој покреативно ќе ја исмее нејзината одлука.

Министерката и градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, денес потпишаа договор.

„Активностите во новата година ги почнувам токму од Вевчани потврдувајќи ја уште еднаш подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на проекти кои се македонски бренд. Денеска, со градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, потпишавме договор за финансирање на Вевчанскиот карневал, еден од најстарите европски и први карневали во државата, зачленет во Светската карневалска федерација. Со 1,8 милион денари ја засилуваме поддршката на вредностите што траат и со својата автентичност ја издвојуваат македонската култура и историја во светски рамки“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа објасни дека заедно со градоначалникот ги надминале административните бариери поради кои изостана поддршката на карневалот и најави трајно решение, кое нема да зависи од средбите меѓу градоначалникот и министерката.

„Тој проблем се должи на тоа што административно, кога се објавуваат резултатите од годишниот конкурс, каде што со оваа манифестација може да се аплицира, карневалот е веќе завршен. Тогаш комисиите решаваат дека на веќе завршен проект не може да доделат никаква финансиска помош. Токму затоа ние по случката од минатата година и од годината пред неа, разговаравме со градоначалникот и ќе направиме посебен вид договор, каде што директно од буџетот, од една од ставките на Министерството за култура, ја финансираме сумата што Општината смета дека е потребна. По завршувањето на годинешниот карневал, треба повторно да најдеме механизам со кој ова нема да биде прашање на волја и на тоа дека министерката и градоначалникот седнаа и се договорија како тоа да го направат, туку дека тоа ќе стане пракса и нема да има пречки во финансирањето на карневалот“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Градоначалникот Кочовски рече дека карневалот, без оглед на околностите, 14 века никогаш не бил прекинат и нагласи дека секоја помош и поддршка се добредојдени. Тој повика на забава и нагласи дека карневалот е полн хумор и сатира, но целта не е да навредат некого.

„Како и секоја година, и оваа ќе ја почнеме со Вевчанскиот карневал, манифестација што може да се каже дека е европска и светска. Карневалот е стар 14 века. Во континуитет се одржува во Вевчани. Не престанал под ниедно ропство во кое била Македонија. Ќе продолжи и ден-денес. Како и секоја година, ќе се забавуваме и сега. Поканата е отворена за сите во Македонија. Имаме интерес од многу новински куќи од соседството. Новинска куќа од Норвешка е заинтересирана годинава да прави репортажа за Вевчанскиот карневал. Ве поканувам сите. Ви посакувам добра забава. Вевчани е отворено за сите, гостопримливо. Карневалот е полн со хумор и сатира, никого не сакаме да го повредиме, никого не сакаме да го навредиме, само сакаме да се забавувате“, рече градоначалникот Кочовски.

Министерката најави дека оваа година ќе го отвори карневалот и ќе остане во Вевчани цел ден.

Карневалот традиционално се одржува на 12, 13 и на 14 февруари во Вевчани.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе