Останати спортови

Откажана деветтата етапа на релито Дакар

11. јануари 2017 - 13:32 | Макфакс

Деветтата етапа на релито Дакар долга речиси 1.000 километри од Салта до Челисито во Аргентина е откажана поради лошите временски услови. Дождот и силниот ветер предизвикале свлечишта поради што загрозено е и локалното население.

Поради затворените патишта голем дел од тимовите кои учествуваат на релито Дакар не биле во можност навреме да пристигнат на стартот, поради што организаторот ја откажа етапата. Релито ќе продолжи утре, со 10-та етапа која ќе се вози од Челисито до Сан Хуан.

По осум дена кај автомобилистите води Себастијан Леб, кој во вторникот ја презеде челната позиција од осумкратниот шамион Стефан Петерхансел.

Вкупен лидер кај мотоциклистите е Сем Сандерелнд пред Пабло Кинтаниљо.

Коментирај