Наука

Откриен нов орган во дигестивниот систем на луѓето

4. јануари 2017 - 13:05 | Б.С.Б.

Тим истражувачи класифицираше нов орган во нашето тело, кој цело време се криел во дигестивниот систем. Иако од претходно беше позната структурата на овој нов орган, сепак неговата функција е сè уште непозната.

Токму понатамошните студии за цел ќе имаат подобро да ги разберат функциите на органот со што би се добиле сознанија за абдоминалните и дигестивните заболувања, пишува Science Alert.

Органот е познат како мезентериум,а доказите за неговата класификација се објавени во The Lancet Gastroenterology & Hepatology.

Во студијата се вели дека анатомскиот опис стар 100 е погрешен за овој орган, со оглед на тоа што новите студии покажале дека станува збор за далеку покомплексен орган. Долго време се мислеше дека мезентериумот е составен од фрагментирани структури, но последните истражувања покажуваат дека станува збор за еден целовит орган.

Коментирај