Чек дис аут

Откриен нов вид на диносаурус

6. септември 2019 - 13:13 | М.С.

Јапонски истражувачи идентификуваа нов вид на диносаурус, откако го реконструираа скелетот со должина од осум метри.

Откритието е објавено во британското научно списание Scientific Reports.

Со анализа на стотина коски, стари 72 милиони години, тим од научници од Универзитетот Хокаидо, заклучија дека скелетот припаѓа на новиот вид на семејството хадросаурид.

Станува збор за најголемиот скелет на диносаурус пронајден до ден-денес.

Научниците тврдат дека диносаурусот бил тежок четири или пет тони, дека е тревопасно животно и дека одел на две или четири нозе.

Овој вид го добил името „Kamuysaurus japonicus" што на јапонски значи Бог-змеј.

Коментирај