Наука

Откриен нов вид на ХИВ вирус

7. ноември 2019 - 12:21 | М.С.

За прв пат во последните 19 години, научниците открија нов вид на ХИВ вирусот.

Овој вид припаѓа на истото семејство на вируси од групата М кои се виновни за ХИВ епидемијата, тврдат од лабораторијата Абот во Америка, каде што е спроведено истражувањето.

Постојат неколку различни видови на ХИВ и за разлика од другите вируси, овој вирус има способност да мутира со времето. 

Научниците истакнуваат дека е важно да се знае кои видови на вирусот циркулираат, за да имаат соодветни тестови за нивната рана детекција.

Докторот Ентони Фаучи, вели дека лековите кои засега се достапни за ХИВ дејствуваат и на овој тип на вирус, но дека идентификувањето на новиот вид помага да имаат подобар увид во тоа како мутира вирусот.

Тој истакнува дека нема потреба за паника и грижа, нема многу луѓе кои се инфицирани со овој вид.

Засега не е познато дали оваа варијатна на ХИВ влијае различно на телото во однос на досега познатите типови.

Околу 36,7 милиони луѓе ширум светот се заболени од ХИВ вирусот според податоците на Светската здравствена организација.

Во 2016 имало инфицирано 1,8 милиони луѓе.

Коментирај