Во најдлабоката точка на Индискиот Океан живеат риби од семејството Liparidae кои сега се видени за првпат.
Британски експерти се спуштиле на длабочина од околу 7,1 метри во Индискиот Океан и здогледале ретки суштества кои ги оставиле без зборови. Во текот на осумчасовната мисија направено се фотографии од суштествата за кои се претпоставува дека се нови и досега невидени.
Како водечки експерт за морска екологија на Универзитетот во Њукасл, на д-р Алан Џејмисон му биле потребни два и пол часа да допре до дното на океанот, во една од најизолираните точки на светот оддалечена 100 наутички милји од островот Бали. Експедицијата е водена од Американецот Виктор Весково, а до дното патувале во подморница за двајца и минале повеќе од 7,192 метри.
„Не гледаме често нешто толку необично што нè остава без зборови“, изјави Џејмисон за Mirror.
За првпат со човечки очи се видени риби од семејството Liparodae. За жал, во текот на експедицијата се пронајдени и примероци на вештачки влакна и пластика што значи дека загадувањето предизвикано од човечки фактор е стигнато и до најизолираните точки на нашата планета.