Откриена нова комета близу Марс

Лондон, 15 септември 2019 (МИА) – Научниците откриле нова комета за која сметаат дека доаѓа од просторот надвор од нашиот Сончев Систем и дека е меѓуѕвезден посетител.

Новоткриената комета се движи кон орбитата на Марс. Се проценува дека има пречник од околу 16 километри.

Кометата како меѓуѕвезден посетител се најде во соседството, а нејзината траекторија ја утврди аматерскиот астроном Генадиј Борисов.

Линијата на движење на далечниот гостин е многу искривена,  а брзината ѝ е необично голема, што е уште еден доказ дека кометата потекнува надвор од просторот на Сончевиот систем.

На својот пат се очекува таа целосно да ја заобиколи Земјата. Научниците предвидуваат дека дури следната година таа да биде видлива со професионални телескопи.

Брзината на кометата се проценува на околу 150.000 километри на час. Во моментов таа од Сонцето е оддалечена околу 42 милиони километри.

Веста за новата комета ја потврдија и од НАСА и од Европската вселенска агенција од каде најавуваат дека се уште собираат информации за неа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе