Хроника

Откриени осум мигранти во патничко возило кај Демир Капија

19. септември 2019 - 18:04 | Кајгана/МИА
Скопје, 19 септември 2019 (МИА) – Осум мигранти од Пакистан се откриени вчера во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки во близина на бензинската пумпа кај Демир Капија.

Како што соопшти МВР,  вчера околу 21 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај местото викано „Први тунели“, полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал.

Набргу, според пријавеното, во близина на бензинска пумпа кај Демир Капија од возилото се истовариле осум лица, за кои при проверка било утврдено дека се мигранти од Пакистан. Тие биле предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Коментирај