Отворен фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица

Завесата на 27-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ синоќа во Струмица ја кренаа актерите од Драмскиот куклен театар Враца од Бугарија со претставата „Убавицата и принцот“, по новелата „Сонот на чичкото“  на Фјдор М. Достоевски, а во драматизација и режија на Николај Полјаков.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

-За Ристо Шишков заборав не може и не смее да има. Нашиот Меѓународен фестивал на камерен театар кој се одржува во градот на детството и младоста на Шишков, веќе 27 години го чува тоа име како најголемо богатство. Нека биде така и во иднина, на задоволство на сите почитувачи на вистинските културни вредности. Општина Струмица тие вредности секогаш ќе ги поддржува, рече градоначалникот Јаневски.

Во петте фестивалски денови ќе се одиграат десет претстави од театри од Бугарија, Хрватска и Република Северна Македонија со учество на педесетина актери, кои ќе се докажуваат со својата актерска игра за единствената награда за високо актерско остварување „Ристо Шишков“. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот-актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра.

Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланскиот лауреат, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Кољо Вандов од Бугарија и режисерот Драган  Јаковлевиќ од Србија

Во рамките на Фестивалот се одржува и деветтото издание на камерна драма НЕТА (Нова европска театарска акција).

Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и општина Струмица.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе