Отворен Почесен конзулат на Мексико во земјава

Скопје, 17 септември 2019 (МИА) – Во Скопје синоќа беше отворен Почесен конзулат на Соединетите Мексикански Држави во земјава, а за почесен конзул, кој ќе го води Конзулатот, е именуван Енвер Малиќи.

Почесниот конзулат, како што стои во соопштението, ќе работи на унапредување на соработката меѓу двете земји и ќе иницира заеднички активности во повеќе области.

На свеченото отворање на конзултатот присуствуваше мексиканскиот амбасадор Марко Антонио Гарсија Бланко, кој рече дека неговото отворање е чекор напред во билатералните односи меѓу Мексико и Република Северна Македонија, кои на 4 октомври ќе одбележат 18 години од воспоставувањето дипломатски односи.

– Односите меѓу двете држави и досега беа пријателски, но отсега соработката и заедничките активности ќе се продлабочат во интерес на двата народа. Со поддршка на Енвер Малиќи како почесен конзул, убеден сум дека ќе се развијат нови области на соработка и разбирање за да се прошират и зајакнат билатералните односи со плодни резултати за обете страни, истакна амбасадорот Гарсија Бланко.

Почесниот конзул Малиќи потенцира дека иако географски далечни, двете земји споделуваат многу заеднички нешта.

– Почитта кон традицијата, силниот темперамент и борбата за човекови права и достоинство нè обединуваат. Мексиканското и македонското искуство се одлична основа за соработка и поголема размена на идеи што ќе ги зајакнат односите меѓу двата народа. Интензивирањето на соработката во различни сфери ќе биде еден од моите приоритети како почесен конзул, овде во Северна Македонија, но и во Соединетите Мексикански Држави. Современите трендови во различни области на општественото живеење и бизнисот во двете држави можат заеднички да придонесат за подобри позиции во меѓународните односи и да промовираат развој и напредок, рече Малиќи.

На отворањето на Почесниот конзулат на Мексико присуствуваа и премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и претставници на дипломатскиот кор, на деловната заедница и на повеќе институции.

Почесниот конзулат се наоѓа во комплексот „Парк резиденс“ во Скопје и ќе биде отворен секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Фото: Фросина Насковиќ/МИА

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе