Отворен повик за учесници на Квир Камп 2019

Оваа година, со финансиска поддршка од Фондацијата Хајнрих Бол, ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со Младински образовен форум (МОФ) организира Квир Камп 2019 кој ќе се одржи во периодот од 17 до 20 август во Извидничкиот центар во Охрид.

На школата имаат право да учествуваат млади лица на возраст од 18 до 30 години. Целта на школата е да ги зголеми знаењата на младите во областа на човековите права, застапувањето и активното граѓанство, а со фокус на ЛГБТИ правата, глобалното и националното ЛГБТИ движење, делувањето во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ движењето на локално ниво, како и изготвување планови и стратегии за застапување.

Покрај наставните содржини, младите ќе имаат можност да учат преку разни вежби и рекреативни активности, како и слободно време за меѓусебно дружење. Предавачи на школата ќе бидат ЛГБТИ активисти и експерти во областа на човековите права, а тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на кампот.

Трошоците за учество во школата се покриени во целост (превоз од секој град, сместување, оброци, работни материјали), односно нема да е потребен каков било надомест од страна на учесниците.

ЛГБТИ Центарот за поддршка ги охрабрува младите лица на возраст од 18 до 30 години без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или која било друга основа да се пријават на овој повик.

Повикот ќе биде отворен за пријавување до 04.08.2019 година (недела), а за пријавата е потребно да се достави:

Формулар за Апликација Квир Камп 2019

Кратка биографија

Мотивационо писмо, во кое ќе ја изразите Вашата мотивација за учество.

Потребните документи испратете ги на е-маил: info@lgbti.mk, со наслов (Subject) КВИР КАМП 2019.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Живот

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе