Отворен повик за волонтери на Струшки вечери на поезијата

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) отвора повик за 18 волонтери за потребите на најновото издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“ кој ќе се одржи во Струга во периодот од 21 до 26 август 2019 година.

Волонтерите ќе бидат вклучени во логистичкиот тим за поддршка на фестивалот од 20 до 27 август и ќе бидат поддршка на поетите учесници на Фестивалот.

Потребно е волонтерите да имаат полни 18 години, а заради природата на ангажманот, на кандидатите студенти од катедрите за јазик и за книжевност ќе им биде дадена предност при изборот.

Организаторот покрива сместување, храна и патни трошоци за волонтерите, a нуди можност за постојана комуникација со врвните поетски имиња од земјата и од странство. Од кандидатите очекуваме посветеност, одговорност и чесност.

Заинтересираните треба да испратат кратка биографија на адреса struga@svp.org.mk со назнака „Волонтер – Струшки вечери на поезијата“ најдоцна до 11 август 23:59 часот. Избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на организаторот до 15 август.

За дополнителни прашања може да се обратите на горенаведената адреса.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе