Проширување на деловната мрежа на Шпаркасе Банка Македонија

Отворена нова експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во Виница

Вчера во 14 часот официјално беше отворена 28-та експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во Виница.

На свеченото отворање присуствуваа бројни гости и клиенти на Банката од општина Виница и од источниот регион на државата. Претставниците на Шпаркасе Банка Македонија во своето обраќање пред присутните информираа за деловната стратегија за проширување на својата мрежа секаде каде што постои потенцијал и можност. Во рамките на таа стратегија и под своето мото „Банка на вашето семејство“ е и отворањето на новата експозитура во Виница, со што Банката станува достапна како за деловните субјекти така и за граѓанството во тој регион. Како општествено одговорна компанија Банката со своето делување ќе продолжи силно да го поддржува развојот на локалните заедници секаде каде што е присутна. Шпаркасе Банка Македонија како дел од Шпаркасе Групацијата, која  речиси 2 века овозможува финансиска поддршка и услуги на своите клиенти од регионот на Југоисточна Европа, ја потврдува својата посветеност во делувањето и кон добробитта на заедниците во кои е присутна.

„Со особена чест и задоволство го објавуваме проширувањето на деловната мрежа на Шпаркасе Банка Македонија во источниот регион преку отворање на новата експозитура во општина Виница. Согласно со својата деловна стратегија, Банката го насочува развојот на мрежата на експозитури според потребите и очекувањата на клиентите за користење на широката и атрактивна понуда, особено во источниот регион на државата, кој во изминатите 10-ина години бележи голем развој. Денес можеме да се пофалиме со присуство на повеќе од8 експозитури во источниот регион или вкупно 28 експозитури во Р. Македонија, преку кои им овозможуваме на клиентите поголема достапност и висок квалитет на банкарска услуга, како и финансиска поддршка за сите корпоративни клиенти“, изјави Васко Мукаетов, директор на експозитурите од Регионалната дирекција - Исток.

Во рамките на стратегијата за ширење на мрежата на експозитури, Шпаркасе Банка Македонија континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите,клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани. Шпаркасе Банка Македонија во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност подготви и посебно изненадување за граѓаните на Виница, преку доделување ваучери за вежбање на првите 10-ина клиенти во фитнес-клубот „Central Gym & Fitness Club“ во Виница.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.300 вработени и преку 230 експозитури и регионални центри опслужува речиси 700.000 клиенти.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе