ПРОЕКТОТ COCA-COLA АКТИВНИ ЗОНИ ПРОДОЛЖУВА ВО ТЕТОВО

Отворена третата Coca-Cola Активна Зона

Тетово вчера стана дел од големиот проект Coca-Cola активни зони кој започна да се реализира во повеќе општини ширум земјава. Во рамките на Спортскиот Центар, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Тетово ја пуштија во употреба третата Coca-Cola aктивна зона. 

Активните зони се донација од Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено, опремени со најпрофесионални фитнес справи, поставени на соодветни локации и достапни 24 часа на сите граѓани.

„Coca-Cola активни зони е најновиот од низата успешни проекти на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, кои ги реализираме како дел од нашата долгогодишна мисија за промоција на здравиот и активен живот. Проектот го реализираме во соработка со Отворени забавни фудбалски школи, а со поддршка на локалната самоуправа. Coca-Cola активни зони е голем проект, кој има огромно значење на долгорочен план и има за цел кај граѓаните да поттикне уште поголема иницијатива за физичка активност, спорт и рекреација. Досега во рамките на проектот отворивме две активни зони, а на наше огромно задоволство денес се наоѓаме на отворањето на третата Coca-Cola активна зона во Р.Македонија, во Општина Тетово. Во текот на летово ќе отвориме Coca-Cola активни зони во уште неколку градови низ земјава, со што продолжуваме да ја шириме нашата мисија, со цел да ја доближиме нашата идеја што поблиску до сите граѓани.”, изјави г-дин Ламбро Патче, Менаџер за јавни работи и комуникации на Пивара Скопје.

„Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција и реализација на голем број проекти. Покрај тоа, ние сме и една од најуспешните Општини во Македонија на спортски план и навистина сме благодарни што Пивара Скопје и Coca-Cola Компанијата го препознаа нашиот успех и токму нашата Општина стана дел од првите 5 Општини кои ќе добијат активни зони годинава. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација и редовно спортување“,  изјави г-дин Ахмет Ќазими, Шеф на одделот за спорт, култура и образование при Општина Тетово.

Проектот е дел од глобалната платформа на Coca-Cola за промоција на активен живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје, Струмица и Тетово, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп и Охрид.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе