Ова дефинитивно не е лежечки полицаец
Возач во Лимпопо, Јужна Африка застанал на пат кога во далечината видел нешто што личело на лежечки полицаец, но му било чудно бидејќи добро го познава тој пат и било необично да има ваква сигнализација на руралниот земјен пат.
Кога се доближал и почнал да снима, сфатил дека станува збор за огромен питон спружен напречно по целиот пат.
Можеби не е лежечки полицаец, но дефинитивно ја намалува брзината на возење, се пошегува возачот.