Магазинот Maxim ја одбра 25-годишната Стела Максвел за најсекси жена во 2016 година. Стела е првиот ангел на Victoria’s Secret од Ирска, за неа во медиумите се пишуваше дека е во врска со Мајли Сајрус. Но, покрај сите натписи таа сака приватниот живот да остане приватен.
Стела на Instagram објави како ќе изгледа насловната страница на магазинот, додека целосната листа на најсекси жени ќе биде објавена на 14 јуни.
Стела е родена во Белгија, родителите ѝ се од Ирска. Семејството се преселило во Нов Зеланд кога имала 14 години. Во 2015 година започнала да работи како ангел на Victoria’s Secret. Се има појавено во модни кампањи на многу брендови и магазини, како Vogue и Elle.