Фит

Ова е вистинската фитнес програма за вас

5. октомври 2015 - 15:34 |

P90 фитнес е најдобрата и најефикасната фитнес програма во последиве 20 години во фитнес индустријата. Вклучувајќи ги најновите иновации кога станува збор за фитнес индустријата, P90 фитнес програмата е креирана врз основа на пратење на трендовите во фитнес индустријата и трендовите за здрав начин на исхрана.

Вежбите се со помал интензитет и прилично мал напор. Наменети се за почетници кои сакаат да влезат во форма и да го обликуваат своето тело. Тоа значи дека програмава е совршена за почетници, за сите оние кои се по малку мрзливи и идеална за оние кои подолго време ништо не спортувале. Значи доколку сте се исплашиле од поинтензивните фитнес програми P90X3 и P90X тогаш P90 е идеална фитнес програма за почеток. 

Што е P90? 

Toa e тренинг програма  односно прогресивен тренинг од 3 фази ( A,B,C ) со 10 различни вежби. Секоја фаза содржи кардио тренинг, тренинг со тегови или тренинг со отпор и стомачни вежби. Ништо не е сложено, ништо не е збунувачко. Вежбите се многу едноставни и лесно изводливи. Фаза A како вовед  која ќе ве доведе од почетничко ниво на спремност до фаза B-средно ниво на спремност и фаза C –до добра кондициона спремност за 90 дена. Едноставни кардио тренинзи,  едноставни тренинзи со отпор или тежина  кои во текот на овие фази континуирано и  ефикасно ке ве доведат во завидна форма. До колку се придржувате до водичот за исхрана односно према правилно комбинирани оброци здрава исхрана ке ги добиете и посакуваните резултати. Ќе го обликувате вашето тело, ќе го зајакнете имунитетот, ќе ја подобрите меморијата, ќе бидете поздрави и полни со енергија. Ќе го подобрите сонот, ќе зајакнете и најважно од сè ке бидете витални. Идеална програма за почетници, за сите оние кои некогаш биле во форма но ја загубиле и за сите оние кои се во умерена кондиција: Кардио вежби, кардио рутини кои вклучуваат сила рамнотежа, флексибилност, издржливост, агилност и многу повеќе. Вежби за целото тело–total body workouts. Комбинации од Pump Classes fitnes, Zumba, Tae Bo fitnes, Yoga, Pilates, Les Mills Combat, Wii Fit вежби, вежби со еднорачни тегови и широк спектар на останати фитнес вежби. Дизајнирана и креирана со цел секој почетник да дојде до својата најдобра форма и кондиција без никакви повреди. Пред сè, многу забавна програма со која времето ќе ви помине во пријатна атмосфера и најважно од сè ке се чуствувате среќни и исполнети.

Зoшто е добра P90? 

Затоа што започнува со слаб интензитет  наменет за сите почетници и постепено дозирано се надополнува на следно ниво каде кондиционо ке бидете поиздржливи и посилни. Најважно е за P90 програмата е што сите оние кои ке влезат во кондиција за догледно време и ке имаат потреба да пробаат нешто ново поинтензивно, веднаш ке може да почнат со P90X3 и P90X фитнес програмите.

Што се P90X и P90X3 фитнес програмите?

P90X фитнес програмата се базира на теорија наречена „конфузија на мускулите“. Ова е модерна верзија на програма за вежбање во времетраење од само 90 дена.
Она што ја карактеризира оваа програма е комбинацијата од вежби со  тежина, јога, пилатес, карате, брзи тренинзи со скокови и како и други основни вежби. Фокусот е да бидете сигурни дека  ќе имате 90-дневен план на исхрана и ќе ги следите рутините кои се фокусираат на вашите предности и слабости, бидејќи  постојат 12 различни вежби – со кои вашето тело неизбежно мора да се промени.

Значи, тоа е 90-дневно превоспитување на сè што е потребно за да постигнете и дојдете до најдобрата форма од вашиот живот, без оглед на тоа дали сте екс-спортист, мајка на пет деца, без разлика дали сте на возраст од 25 или 45 години.

Програмата содржи јога вежби, вежби со скокови (plyometrics), истегнување, вежби за стомачни мускули, боречки вештини и вежби со тегови.

Сите идни членови ќе можат да се вклучат на некоја од следниве локации, од 5 октомври, каде пет дена во неделата ќе се одржуваат тренинзите:

– Основно училиште Браќа Миладиновци (Аеродром – Острово)

P90X-P90X3 програма:
Понеделник, Петок 19.45 - 20.45 часот; Среда 20.00 -21.00 часот.

P90 програма:
Вторник, Четврток 21.00 - 22.00 часот

– Основно училиште Песталоци (Центар)

P90X-P90X3 програма:
Понеделник, Среда и Петок 18.30 - 19.30 часот;

P90 програма:
Вторник, Четврток  19.30 - 20.30 часот

Може да нè следите и на фан страната на Facebook.

Во видео можете да погледнете како изгледаат тренинзите:

Loading the player...
 
*Промотивен текст

Коментирај