Ова се спортовите од кои луѓето најбрзо се откажуваат

А.С.
/ 18.01.2021 / 14:54

Јануари традиционално е месецот со најмногу уплати на членарини во теретаните, студијата за јога и пилатес и други курсеви за физичка активност. Пандемијата можеби ќе го смени тоа, но нема да го смени откажувањето од вежбање пред 1 февруари.

Додека некои избираат да креваат тегови или да трчаат, да се истегнуваат или да вежбаат прецизност, има луѓе кои претпочитаат групни вежби или спортски активности.

Експертите од GolfSupport.com одлучија да испитаат од кои спортови луѓето најбрзо се откажуваат откако ќе се запишат во клуб или група. Испитале 6.435 Европејци со кои спортови се занимавале во минатото и колку недели биле редовни или колку време им требало да престанат да ги играат.

Боксот е на прво место. Во просек, луѓето престануваат да се занимаваат со овој спорт во рок од четири недели. Следи шинти, тимска игра која се игра со палки и топка, претежно во Шкотска. Луѓето губат интерес за овој спорт по пет недели.

Танцот престанува да биде интересен по шест недели, додека за рагби се губи интерес по седум недели вежбање. На петтото место се боречките вештини од кои луѓето се откажуваат по осум недели.

Топ 10 вклучува и харлинг, веслање, хокеј, стрелаштво и лакрос.

GolfSupport.com може да потврди дека интересот за учење јога трае најдолго кај луѓето. Повеќето испитаници „издржале“ 40 недели. Потоа следат фудбал, голф, тенис и нетбол.

Најчестите причини зошто луѓето се откажуваат се недостаток на мотивација, недостаток на време, трошоци за тренирање и опрема, како и повреди, додека главните причини зошто луѓето не се откажуваат од одредена активност се подобрената кондиција, уживањето во вежбањето, желбата за натпреварување и дружењето.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе