Фудбал

Озил се отвори и раскажа сѐ: Како фотографијата со Ердоган му го уништи реномето

18. октомври 2019 - 10:35 | Ф.З.

На 29 години се пензионираше од репрезентативниот дрес по скандалот со сликата со Ердоган откако доживеал еден куп навреди од германската јавност.

„Тој е претседател на Турција и би го почитувал било кој и да е на таа позиција. Иако сум роден во Германија, потеклото ми е турско. Доколку германскиот претседател или канцеларката Меркел дојдат во Лондон и посакаат да ме видат, да поразговараат, нормално дека ќе го направам тоа, од почит. Луѓето мора да го почитуваат она што го направив за Германија: играв девет години за репрезентацијата, освоив Светско првенство, бев еден од најдобрите играчи. Мојата генерација го промени германскиот фудбал, станавме забавни, како Шпанија“, вели турскиот Германец. Заедно со него на фотографијата со Ердоган се и Илкај Ѓундоан и Џенк Тосун. Ѓундоан и натаму игра за Германија, додека Тосун е роден во Германија, но игра за Турција.

Озил е турски патриот, но кога Турската фудбалска федерација го викаше да игра за Турција, тогаш беше германски патриот: „Татко ми израснал тука. Турција секогаш ќе биде посебна земја за мене, но воопшто не се двоумев кога решив да играм за Германија, во ниту еден момент“.

„После таа фотографија се чувствував незаштитено, добивав расистички навреди, дури и од политичарите, а никој од репрезентацијата не истапи да рече: „Престанете! Тој е наш играч и не смеете така да го третирате!“ Сите само молчеа. Се очекуваше да се извинам поради таа средба и да признаам дека сум погрешил или повеќе не сум добредојден во екипата. Тоа никогаш нема да го направам. Знаете, расизмот постои одамна, а некои тоа го искористија за да го пуштат на слобода. Како што јас имам прево да се фотографирам со некој, така секој има право тоа да му се допадне или не. Она што следуваше го разоткри расизмот. За жал, во Германија расизмот повеќе не е проблем само на екстремната десница, тој се пикна длабоко во општеството“, смета Озил.

„Ми викаа: „Врати се од каде што си дошол, Е*и се, турска свињо...“ Пред Мундијалот игравме пријателска во Леверкузен и му свиркаа на Ѓундоан, му викаа „е*ач на овци“ и слично. Пред Мундијалот требаше да бидам во некои реклами, но сите откажаа. Некои од хуманитарните здружение со кои соработував ме тргнаа од позицијата амбасадор и ми сугерираа да се извинам“.

Германската јавност на Озил отсекогаш му замеруваше за неговиот лош германски јазик. Но, тоа го правеа на шега бидејќи тогаш покажа лојалност кон Германија со тоа што ја одби Турција. Сега, тоа е само уште една причина да го плукаат.

„Најмногу ме погодија реакциите од училиштето каде учев во Гелзенкирхен Секогаш им помагав, заедно почнавме една програма и кога требаше да дојдам на церемонијата, да се запознаам со вработените и децата, од кои повеќето имигранти, ми рекоа да не доаѓам поради вниманието на медиумите и порастот на десничарите во градот. Не можев да поверувам! Мојот роден град, моето училиште. Им подадов рака, а тие ја одбија. Никогаш не сум се чувствувал полошо. Меѓутоа, Но, доволно сум силен да стојам зад своите убедувања, не сум опортунист. И понатаму имам силна врска со Германија, агенција за маркетинг, што значи дека плаќам милион евра данок. Може да ја преселам, ама не сакав. Што се однесува на репрезентацијата, тоа е готово“, заврши Озил.

Од Мундијалот во Русија 2018 каде Германија заврши неславно уште во фазата по групи, Озил повеќе не игра за репрезентацијата и како што стојат работите никогаш повеќе нема да заигра.

Коментирај