Пад на Волстрит петта недела по ред, рецесијата демне

Берзанските индекси на Волстрит вчера паднаа петти по ред трговски ден, при што и Dow Jones падна во подрачјето „мечка“ бидејќи инвеститорите стравуваат дека агресивното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка ќе ја турне економијата во рецесија.

Dow Jones се лизна за 1,11 отсто, на 29.260 поени, додека S&P 500 загуби 1,03 отсто, на 3.655 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,60 отсто, на 10.802 поени. Откако S&P 500 и Nasdaq паднаа на надолна територија во петокот, 20 отсто под нивните рекордни максимални вредности, вчера на таа територија им се придружи и Dow Jones.

Инвеститорите во страв од рецесија

Падот на овие индекси пет последователни дена е резултат на стравувањата на инвеститорите дека агресивното заострување на монетарната политика на ФЕД ќе ја турне економијата во рецесија. Минатата недела ФЕД ги зголеми каматните стапки трет пат по ред за 0,75 процентни поени, на опсег од 3 до 3,25 отсто, што е нивно највисоко ниво од 2008 година.

И челниците на ФЕД изјавија дека дополнително ќе ја зголемат цената на парите со цел да се намали инфлацијата од највисоките нивоа во повеќе од 40 години. Но, агресивните планови на Банката на федерални резерви да ја ограничи инфлацијата до целта од 2 проценти ќе бидат потребни години, ќе го забави економскиот раст и ќе ја зголеми невработеноста, покажуваат проекциите на ФЕД.

Америка технички веќе е во рецесија

Технички, американската економија веќе е во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали бележи пад на квартална основа, но засега рецесијата е плитка. Деновиве на берзите најмногу се шпекулира за тоа колку повеќе ФЕД би можел да ги зголеми каматните стапки.

„Инвеститорите штотуку видоа 'колку е часот'. Постои голема неизвесност за тоа колку повеќе ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки? До 4,6 или дури 5 проценти? Кога ќе заврши тој процес во 2023 година?“, објаснува Џејк Долархид, директор во Longbow Asset Management.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,03 отсто, на 7.020 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,46 отсто, на 12.227 поени, а париски CAC 0,24 отсто, на 5.769 поени.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе