Бизнис

Падна договор: Германските пилоти ќе добијат повисоки плати од Ryanair

11. септември 2019 - 18:03 | МИА

Германските пилоти за првпат успеаја да постигнат договор за своите плати со раководството на Ryanair, соопшти денеска синдикатот ВЦ, во услови кога ирската нискотарифна авиокомпанија е во „напнати“ преговори со синдикатите ширум Европа.

Според постигнатиот договор, пилотите ќе бидат поплатени и ќе уживаат поголема заштита во случај на отказ, соопшти синдикатот и додаде дека двете страни ги договориле и идните разговори за потенцијалното формирање на работен совет.

„Колективните договори значат дека германскиот закон се применува за работните односи“, се наведува во соопштението на синдикатот, а пренесуваат британските медиуми.

Претходно на почетокот на месецов, пилотите на Ryanair од Велика Британија најавија дека почнувајќи од 18 септември, ќе стапат во седумдневен штрајк, а прекин на работата најавија и пилотите во Шпанија.

Коментирај