Падна договор: Трговската војна на пауза 90 дена

Претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Ѓинпинг, се согласија да не ја заоструваат трговската војна и ветија дека ќе се воздржат од воведување нови тарифи во наредните 90 дена.

Ветувањето следи во моменти кога двете најголеми стопанства на светот преговараат за трајна спогодба.

Примирјето меѓу САД и Кина било постигнато вчеравечер меѓу Трамп и Си, на маргините на Самитот Г-20 во Буенос Аирес, Аргентина.

Двајцата лидери се согласија да го стават на пауза воведувањето на нови царински тарифи и да ги засилат трговските преговори, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ѓи на прес-конференција во Буенос Аирес.

„И двете страни сметаат дека принципиелната спогодба постигната меѓу двајцата претседатели ефикасно го спречува понатамошното ширење на економските проблеми меѓу двете земји“, рече тој.

САД сепак имаат ултиматум

Белата куќа соопшти дека средбата била „многу успешна“ и дека САД ќе ги задржат постоечките тарифи на кинеска стока вредна 200 милијарди долари на 10 % и дека ќе се воздржи од зголемување на стапката на 25% како што беше планирано да се направи на 1 јануари.

Во замена за тоа, САД сакаат веднаш да се почнат преговори за праксата на Кина за која Трамп најмногу изразува загриженост, а тоа е крадењето на интелектуална сопственост и сајбер кражби.

По 90 дена, ако нема напредок во поглед на структурни реформи, САД ќе ги зголеми царините на 25%, порача Белата куќа.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе