Паметни слушалки преведуваат за вас од кој било јазик
Германската стартап компанија Bragi повторно ги надгради и усоврши бежичните слушалки. Новиот модел се поврзува со апликација преку вашиот мобилен телефон и со еден допир преведува реченици од јазици што не ви се познати in real time.
Слушалките чинат 329 долари и уште еден новитет е што батеријата трае и до пет часа, што е двојно повеќе од претходниот модел.