СЕРИЈА А 2020/21

Пандев - најдобар екс-ју стрелец во Серија А, брка и балкански рекорд

Филип Здравески
/ 08.02.2021 / 11:10

Двата гола во саботата го направија Горан Пандев најдобар стрелец од поранешна Југославија во Калчото, а само 7 голови до делат и до приматот најдобар Балканец.

Пандев не само што го сруши својот поранешен клуб Наполи, не само што ѝ донесе победа и огромни три бода на Џеноа во борбата за опстанок, туку и сруши еден рекорд.

Најдобар стрелец во Серија А од поранешна Југославија

И тоа не било каков рекорд, туку нашиот Горан стана најдобар стрелец во Серија А од сите фудбалери кои доаѓаат од просторите на поранешна Југославија, рачунајќи ги и оние кои настапувале во Италија како Југословени.

Со новите два гола Пандев стигна до бројката од 97 голови во Серија А, за еден гол престигнувајќи го досегашниот екс-ју рекордер, Црногорецот Мирко Вучиниќ.

Најдобри Серија А стрелци од екс-ју:

  1. 97 Горан Пандев (Македонија)
  2. 96 Мирко Вучиниќ (Црна Гора)
  3. 91 Јосип Иличиќ (Словенија)
  4. 85 Един Џеко (Босна и Херцеговина)
Вучиниќ откако дозна дека Пандев го надмина

Проблем за Пандев е тоа што освен Вучиниќ, останатите двајца кои следуваат на табелата, односно Иличиќ и Џеко, се активни фудбалери и тоа прилично добро голгетерски расположени. Доколку и двајцата останат и наредната сезона во Италија, многу е веројатно дека еден од нив ќе го понесе овој примат, но на наше задоволство, додека тоа не се случи, Македонец ќе биде најдобар екс-ју стрелец во Серија А.

Потера за најдобар стрелец од целиот Балкан

Ако веќе стана најдобар од поранешна Југославија, Пандев е многу блиску и до уште поголемо признание - најдобар стрелец во Серија А од цел Балкан. Табелата на стрелци од Балканот не е многу поразлична од онаа за екс-ју, со тоа што тука лидер е Адриан Муту, а на Пандев му недостасуваат само 6 голови за да се израмни со Романецот, или 7 за да стане најдобар балкански стрелец во Калчото.

Најдобри Серија А стрелци од Балканот:

  1. 103 Адриан Муту (Романија)
  2. 97 Горан Пандев (Македонија)
  3. 96 Мирко Вучиниќ (Црна Гора)
  4. 91 Јосип Иличиќ (Словенија)
  5. 85 Един Џеко (Босна и Херцеговина)
Муту најмногу голови даде за Фиорентина, а тресеше и во дресовите на Верона, Парма, Јувентус и Чезена
Влез во 100 најдобри стрелци во Серија А

Општо гледано, Пандев веќе е помеѓу најдобрите 100 стрелци во целата историја на најдобрата италијанска лига. Со 97 голови Пандев е на делба на 98. место заедно со Дрис Мертенс од Наполи и Велшанецот Џон Чарлс кој ги тресел мрежите кон крајот 50-тите и почетокот на 60-тите години од минатиот век. Недостижен на врвот е легендарниот Силвио Пиола со 290 голови, додека од активните најдобар е Фабио Куаљарела со 171 гол.

  1. 290 Силвио Пиола (Италија)
  2. 262 Џузепе Меаца (Италија)
  3. 250 Франческо Тоти (Италија)
  4. 225 Гунар Нордал (Шведска)
  5. 216 Жозе Алтафини (Бразил/Италија)
Ненадминливиот Силвио Пиола, поранешниот голгетер на Про Верчели, Лацио, Јувентус и Новара
Во топ 5 најдобри стрелци од активните играчи

Од играчите кои моментално играат во Калчото нашиот Горан го дели 4. место, но тие позади него се многу блиску, додека за во топ 3 е невозможно да влезе.

Најдобри активни Серија А стрелци:

  1. 171 Фабио Куаљарела (Италија/Сампдорија)
  2. 149 Чиро Имобиле (Италија/Лацио)
  3. 146 Златан Ибрахимовиќ (Шведска/Милан)
  4. 97 Дрис Мертенс (Белгија/Наполи)
  5. 97 Горан Пандев (Македонија/Џеноа)
  6. 96 Андреа Белоти (Италија/Торино)
  7. 91 Јосип Иличиќ (Словенија/Аталанта)
  8. 89 Дуван Сапата (Колумбија/Аталанта)
  9. 89 Родриго Паласио (Аргентина/Болоња)
  10. 86 Пауло Дибала (Аргентина/Јувентус)
38-годишниот Куаљарела и натаму не застанува, а покрај Самп погодуваше и за Асколи, Удинезе, Наполи, Јувентус и Торино

Сезонава преостануваат уште 17 кола во Серија А, 17 натпревари шанса за Пандев да го зголеми своето голгетерско салдо, да влезе во Клубот 100, да се зацврсти како најдобар екс-ју стрелец и да стане надојбар стрелец од целиот Балкански Полуостров.

Пандев секогаш напоменува дека нему головите не му се најважни, но нам како навивачи ни се важни и со душа чекаме нов гол на Пандев и рушење на уште некој рекорд.

реклама

Фудбал

Флуминенсе го потврди трансферот на Холанд, тој не знае што се случува

Read more

Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене

Read more

7 најкатастрофални трансфери со кои фудбалерите си ги уништиле кариерите

Read more

Барди поради повреда отпадна за Хрватска и Чешка

Read more
 

Спорт

Флуминенсе го потврди трансферот на Холанд, тој не знае што се случува

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најкатастрофални трансфери со кои фудбалерите си ги уништиле кариерите

Читај повеќе

Барди поради повреда отпадна за Хрватска и Чешка

Читај повеќе

Де Роси презема одговорност: Не е виновна Аталанта што не сме во ЛШ

Читај повеќе

Шпанците открија како Чави го измамил Лапорта

Читај повеќе
  • play_arrow

Метла за Индијана: Бостон ќе се бори за титулата во НБА лигата

Читај повеќе

Модриќ: Донесов одлука, сакам само таму да ја завршам кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Скоти Пипен не знаеше ништо за клубовите што играа фајнлфор, ама му легна баклавата

Читај повеќе