КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Пандев: Оваа генерација може на ЕУРО 2020

Македонскиот капитен видно расположен по синоќешната победа најави дека оваа генерација има сили да се избори за историски пласман на едно големо натпреварување.

Синоќа Македонија минимално славеше над Израел доаѓајќи до посакуваната победа за пласман на третото место во квалификациската група. Горан Пандев одигра 79 минути пред да биде заменет со Даниел Аврамовски.

„Оваа генерација може! Се надеваме дека ќе ја израдуваме македонската јавност. Имаме долго време до натпреварот со Косово и мислам дека имаме големи шанси. Публиката ќе биде нашиот дванаесетти играч. Со нетрпение го очекуваме март и мислам дека заслужуваме да играме на Европското првенство“, рече нашиот капитен после победата над Израел.

Третото место иако е историско како прв ваков наш пласман, сепак не нѐ води никаде. Само првите две одат на ЕУРО.

„Одигравме еден одличен квалификациски циклус, некој на почетокот да ни понудеше дека ќе освоиме трето место, веднаш ќе прифатевме. Знаевме дека мора да се победат фаворитите Полска и Австрија за да се оди на ЕУРО. Токму тие натпревари и поразите од нив ни ги уништија шансите за пласман“.

Сега следува пауза до март кога Македонија ќе игра против Косово во полуфиналето од баражот за пласман на ЕУРО 2020 преку Лигата на нации. Нашата репрезентација е домачќин, а ФФМ допрва ќе одреди на кој стадион ќе се игра натпреварот, но како што стојат работите тоа ќе биде арената „Тоше Проески“.

Победникот од тој натпревар ќе игра во финалето против победникот од пресметката на Грузија со Белорусија. Само една репрезентација од овие четири ќе се избори за учество на континенталниот собир.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе