Пандев: Сите треба да се вакцинираме

Гостувајќи во емисија на својот клуб, Горан Пандев даде поддршка на вакцинацијата и порача дека сите треба да се вакцинираат.

Македонскиот капитен беше гостин во емисијата „Due passi con“ која е во реализација на неговиот клуб Џеноа. Меѓу останатите работи, беше прашан и за пандемијата, неизбежно прашање на кое веќе сите се навикнавме.

„Поминавме многу тешка година, не само фудбалски, туку во секој дел од животот. Долго време не си ги гледавме роднините, не можеме заедно да седнеме на вечера, не ги правиме повеќе оние работи кои бевме навикнати да ги правиме. Сега живееме еден титално различен живот и се надевам дека овој ковид што поскоро ќе го снема за да се вратиме во нормала“, рече Пандев.

Бидејќи сега актуелна е вакцинацијата против COVID-19, како во Македонија, така и во Италија, Пандев беше прашан дали верува во вакцините или е меѓу оние антиваксерите.

„Секако дека верувам во вакцините. Треба сите да се вакцинираме и на овој начин можеби сите ќе живееме помирно. Насекаде гледам исплашени луѓе кои не знаат што да прават. Можеби сега откако излегоа вакцините ќе можеме да бидеме помирни“, додаде тој.

Токму поради тоа што пандемијата сѐ уште трае во Европа и многу малку луѓе се вакцинирани, Пандев и репрезентацијата на Македонија нажалост нема да играат пред полни трибини на претстојното ЕУРО.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе