Сакаме резултати, ама не сакаме да помогнеме. Такви се македонските фудбалски навивачи, секоја чест на ретките исклучоци. Не е првпат Пандев да бара нивна поддршка, која ретко ја добивал, но сега е потребна повеќе од било кога.
Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, оној со кој сите се гордеевме кога растураше низ Европа, сега бара од нас да му помогнеме. Не само нему, туку на целата репрезентација на која утре и треба поддржка против Словенија.
„Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, се надевам дека ќе дојдат луѓето што нѐ сакаат. Не бараме којзнае колкава бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија“, рече Пандев на денешниот прес.
Од Словенија најавени се навивачи, ќе дојдат помеѓу 500 и 1.000. Не доаѓаат за да грицкаат сончоглед на нашиот стадион, доаѓаат за да ги понесат нивните фудбалери да дојдат до победата која и нив очајно им треба. Како било досега, ништо чудно Словенија да игра како дома.
„Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој натпревар. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи“, изјави нашиот капитен.
Македонија едноставно мора да победи утре вечер, но мора и Словенија. Затоа ќе биде интересно, но и напнато. Двете се во игра за пласман на ЕУРО 2020, но не може двете да одат...