Свет

Папата Франциско го осуди понижувањето на жртвите од трговијата со луѓе

21. ноември 2019 - 15:53 | МИА

Бангкок, 21 ноември 2019 (МИА) – Стотици илјади лица се собраа денеска во Бангкок на првата јавна миса на папата Фанциско во Тајланд во која тој го осуди понижувањето на жените и децата, присилени на проституција.

Обраќајќи се на публиката од 600.000 лица, папата рече дека сите тие, како мисионери, се дел од истото семејство и дека не можат да ги игнорораат членовите кои се сметаат за „нечисти“, пренесуваат американските медиуми.

-Овде мислам на жените и децата кои се жртви на проституција и трговија со луѓе, со што се понижува основното човеково достоинство. Мислам на младите луѓе кои се робови на зависноста од дрога. Мислам и на експлоатираните рибари и питачите кои се заобиколуваат, рече папата. 

Коментирај