Француската фудбалска легенда Жан-Пјер Папен смета дека ПСЖ воопшто не треба да има дилема кој од двајцата напаѓачи треба да биде стартер.
Според Папен, Единсон Кавани е многу подобар од Мауро Икарди, кој летоска дојде како позајмен од Интер, како сигурност, бидејќи во тоа време Кавани и Килијан Мбапе беа повредени.
Икарди почна да дава голови, Кавани уште е на листата на повредени, па останува да се види дали „светците“ во јули ќе го „откупат“ Икарди или ќе го послушаат Папен, па ќе го вратат во Интер.
– Го претпочитам Кавани и со една нога, отколку Икарди со две нозе, рече најдобриот фудбалер на светот за 1991 година.