Стил

Парчиња облека неопходни за оваа есен

22. август 2019 - 9:57 | М.С.

Кога размислувате за тоа како треба да ја обновите гардеробата оваа есен, веројатно на памет ви паѓаат чизми, чевли, мантили, голема ташна. 

Што е неопходно да го имате оваа есен?

Бела маица

Белата маица е парче облека којашто можете да ја искористите во најразлични комбинации. Купете квалитетна бела маица и искобинирајте ја со црвена чанта и фармерки. Ќе изгледате совршено модерни.

Тексас јакна

Ако немате таква, време е да ја купите. Оваа јакна е одлично решение кога сè уште се носат фустани. Доколку сакате да ја носите повеќе сезони, не купувајте во боја.

Бела кошула

Истото правило како за белата маица. Мора да биде блескаво бела и да ви стои совршено.

Дуксерка

Ова парче секогаш е во мода, а последните години се носат во најразлични бои. Поквалитетните дускерки се нависти поскапи, но ќе ги носите долго време и ќе го задржат квалитетот.

Црни чизми

Класика. Квалитетни, кожни чизми се секогаш добра инвестиција.

Коментирај