Живот

Парите прават пари: Џеј Ло и свршеникот Алекс Родригез рекламираат очила за сонце

20. март 2019 - 20:24 | А.С.

Бејзбол легендата Алекс Родригез ја запроси Џенифер Лопез на 9 март со дијамантски прстен од 16 карати што се проценува дека вреди 4,5 милиони долари, додека беа на одмор на Бахамите.

Само 11 дена откако ја соопштија веста за свршувачката, двојката веќе се појави во секси рекламна кампања на австралискиот бренд Quay Australia.

Двајцата покажаа дека веќе се моќна двојка, позирајќи секси и заводливо во модели од колекциите очила за сонце Quay X JLO и Quay X Arod.

Се проценува дека богатството на Џеј Ло изнесува 400 милиони долари, а на А-Род 300 милиони долари. Не е познато колку ќе заработи славната двојка од бизнисот со Quay Australia.

Коментирај