Фит

Parkis - вертикален паркинг за велосипеди

2. декември 2016 - 14:11 | И.М.

Parkis e систем за вертикално парткирање на велосипеди, наменет за домашна и за јавна употреба. Дизајнот е на литванска компанија, која започна кампања за финансирање на овој нов продукт на Kickstarter.

Разликата помеѓу овој и другите уреди за вертикално паркирање на велосипеди е фактот што работи на автоматизирана шина.

Поточно, не треба да употребите речиси воопшто сила за да го паркирате велосипедот вертикално. Затоа, истиот е одличен за користење од страна на деца, трудни жени и постари лице.

Наменете е овој производ да се купи за различна употреба - дома за во двор гаража или ходник во мал стан, каде би го чувале велосипедот. Или пак во зградата на канцеларијата, на јавен простор и слично.

Цената на паркингот во кампањата е 239 долари.

Loading the player...

 

Коментирај